АД “Мода“ преставува правен следбеник на некогашното јорганџиско производно претпријатие “Свила” од Свети Николе кое било основано со Одлука од страна на Народниот одбор на општина Св.Николе бр. 325 од 1955 год.
Почетните дејности на претпријатието биле Производство на јоргани и производство на рачно-јазлени килими. Во периодот од 1963 до 1968 год. претпријатието воведува и други дејности и тоа: “конфекционирање на синтетички јамболии”, “производство на трикотажа” и “производство на лесна конфекција” која се одржала како основна дејност се до ден денес.
На 31.12.1973 год. Производното претпријатие “Свила” ке се конституира како Работна организација без ООЗТ и ке се запише во Судскиот регистер на Општинскиот стопански суд во Штип под бр. Ф.И. бр. 662/73.
Во 1978 год. “Свила” се припојува кон Р.О. “Трготекстил” од Скопје со Самоуправна спогодба за здружување која е потпишана на 17.04.1978 год. и станува Основна организација на здружен труд за производство на текстилни производи “Свила” и е упишана во Стопанскиот суд во Штип под бр. Ф.И. бр. 578/78.
На 31.08.1979 год. е извршена промена на називот на тогашната ООЗТ “Свила” и го добива називот: “ООЗТ за производство на текстилни производи Мода- Св.Николе”. Промената на називот е запишана под Ф.И. бр.35/79 во Окружниот стопански суд во Штип.
Врз основа на тогашниот Закон за претпријатијата во 1989 год. “Мода“ се трансформира во Претпријатие во општествена сопственост “Трготекстил-Мода” Ц.О. Свети Николе и од тогаш Претпријатието продолжува да работи самостојно надвор од Р.О. “Трготекстил” од Скопје. Оваа трансформација е запишана во Окружниот стопански суд во Штип под Ф.И. бр. 547/89.
Со Одлуката бр. 029288/10 од 21.06.1991 год. “Мода“ се трансформира како Акционерско друштво во мешовита сопственост “Мода“ Св.Николе. Трансформацијата во А.Д. е запишана под Срег. бр. 868/91 во Окружниот стопански суд во Штип.
На 06.02.1995 год. врз основа на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, Управниот одбор на АД “Мода“ донесува Одлука за трансформација на остатокот на Општествениот капитал бр. 02-490/46. На база на избраниот модел за продажба на претпријатието “на лица кои го превземаат управувањето и водењето на работите на претпријатието” и водената постапка, на 05.01.1996 год. Агенцијата на Република Македонија за трансформација на претпријатијата со општествен капитал склучи договор со Германската фирма “ЦАСА МОДА Хеинрицх Катт” за продажба на АД “Мода“-Св.Николе. Приватизацијата на општествениот капитал е запишана во Регистарската влошка на Окружниот стопански суд во Штип бр. 1-832-0 на 01.04.1996 год.
На 27.11.1998 год. АД “Мода“ изврши усогласување со Законот за трговските друштва и ова усогласување е запишано во Трговскиот регистар. бр. 1445/98 при Основниот суд во Штип.